Тројца каратисти од Макпетрол, Петар и Симона Заборски и Стефан Стојановиќ, меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021

Сојузот на спортови на Скопје и Градот Скопје денеска ги прогласија најуспешните спортисти за 2021 година. Нормално, меѓу нив е и освојувачот на сребрениот медал во теквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Покрај Георгиевски признанија кај сениорите во машка и женска конкуренција добија и каратистите на Макпетрол, Петар и Симона Заборски.

Во младинска категорија помеѓу десетте добитници каратистот, Стефан Стојановиќ од Макпетрол беше прворангиран, тој е најдобар млад спортист на град Скопје.

Каратистот Петар Заборски на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, со тимот во борби го освои седмото место, што е извонреден успех ако се земе предвид дека учествуваа 115 држави.

На Македонија ѝ требаше победа против Узбекистан за да се бори за бронзениот медал на СП, што ќе беше најголем успех во историјата на македонското карате во борби екипно. Нашата репрезентација успеа да ја совлада силната репрезентација на Германија, потоа беше поразена од Србија, а во репасажот извојува победа над Швајцарија и доживеа пораз од Азербејџан, во голема мера потпомогнат од судиите.

Резултати – Светско првенство:
Македонија – Германија 3-0
Македонија – Србија 1-3
Репасаж
Македонија-Швајцарија 3-0
Македонија-Азербејџан 0-3

Петар Заборски имаше забележителен настап и тој успеа во поединечниот дел да извојува три победи за пласман во четвртфиналето загуби минимално 3-4 од Белгиецот Квентин Маходен. Така ќе беше многу близу до борбата за медал.

Петар прво славеше против Алекс Мезес од Боливија 1-0, потоа 3-2 над Карлос Баргадос од Шпанија и 1-0 со Енес Гарибовиќ од Хрватска.

На СП настапија 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:

Мажи
-75 кг
Петар Заборски – Алекс Мезес (Боливија) 1-0
Петар Заборски – Карлос Баргадос (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-0
Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 3-4

Петар Заборски како најдобро рангиран македонски каратист настапи и на квалификациите за Олимписките игри во Токио кои се одржаа во Париз. За жал, не успеа да освои норма за ОИ.

Сепак, овие резултати му овозможија пласман во топ 50 каратистите на Ранг листата на ВКФ, со што му се овозможува настап на Премиер лигите, каде што настапуваат најсилните и може да се каже дека конкуренцијата е посилна и од СП. Петар со клупските другари Петар Спасеновски, Симона Заборска и Ангела Мојсовска ќе ги брани боите на Македонија на првиот турнир на Карате 1 Премиeр лигата од 18 до 20 февруари во Фуџаријах-Обединетите Арапски Емирати. Ова е големо признание и за Макпетрол и за македонското карате.

Симона Заборска беше најуспешниот македонски каратист на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, каде што го освои седмото место.

Заборска беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнoгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шансата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија.

Претходно Симона забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.

Симона извојува голема победа против Туба Јакан, светска првенка и прва на Светска ранг листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката Александра Пападопулос 2-0.

На шампионатот настапија 596 натпреварувачи од 47 држави.

Европско првенство сениори – Резултати:

-55 кг
Симона Заборска – Александра Папа (Грција) 1-0
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 4-2
Симона Заборска – Ана Чернишева (Русија) 0-8
Репасаж
Симона Заборска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 0-1

Симона, исто како и нејзиниот брат, настапи и на Квалификациите за ОИ и на последниот турнир одржан во Париз за СП во Дубаи.

Младиот Стефан Стојановиќ стана каратист за 2021 година.

Тој во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.

Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изедначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.

Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.

На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2,  Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.

ЕП 2021 Тампере:

+76 кг
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 5-4

Стојановиќ (+84 кг, У-21) на Балканското првенство во Риека, Хрватска, го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.

Да потсетиме дека на минатогодишниот избор за „Спортист на годината 2020“ Роберто Ацковски од Макпетрол, кој освои бронзен медал на ЕП за јуниори, беше избран за најдобар млад спортист на Македонија. Каратистот Петар Спасеновски стана шампион на ЕП во У-21 во 2019. Глигор Петков се закити со сребрен медал ЕП за јуниори во 2019 година.

Успесите на каратистите на Макпетрол во услови на пандемијата на COVID-19 добиваат уште повеќе на тежина, а тоа значи дека тренерите неуморно работат на техничко-тактичката подготовка, но и на одржување психо-физичката стабилност. Секако, зад овие успеси стои и компанијата Макпетрол која ги финансира сите подготовки и настапи, како на домашната така и на меѓународната сцена.

Како одраз на постигантите резултати каратистите на Макпетрол заслужено ги добија стипендиите на Агенцијата за млади и спорт, па така Симона Заборска е носител на стипендијата од светски категорија, а Ангела Мојсовска, Петар Заборски и Петар Спасеновски се прогласени за спортисти со титула од меѓународна категорија на Македонија.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Останато

Како да го украсите балконот за новогодишните празници?

Како да го украсите балконот за новогодишните празници?

Read more

Протечени фотки од GTA 6

Read more

Големата Хогвортска забава од 1998

Read more

Убавините на Фиџи

Read more
 

Фото

  • filter
27 март 1977, најголемата авионска несреќа во историјата

27 март 1977, се случила најголемата авионска несреќа во историјата

Читај повеќе
  • filter

25 март 2018, прв непрекинат лет од Австралија до Европа

Читај повеќе
  • filter

24 март 1999, НАТО го почнало бомбардирањето на Југославија

Читај повеќе
  • filter

23 март 1309, Папството од Рим се преселило во Авињон

Читај повеќе
  • filter

22 март 1935, Персија станала Иран

Читај повеќе
  • filter

Враќање на корените: BMW Vision Neue Klasse X

Читај повеќе
  • filter

21 март 1963, затворен бил злогласниот Алкатраз

Читај повеќе
  • filter

Peugeot E-5008 од секој агол

Читај повеќе
  • filter

20 март 2003, САД и Обединетото Кралство го нападнале Ирак

Читај повеќе