Тројца навивачи одат во затвор поради расистичко однесување кон Винисиус

Макфакс/Кајгана
/ 10.06.2024 / 15:35

Шпанија прв пат во историјата изрече затворски казни за расистичко однесување на фудбалските терени. Станува збор за тројца навивачи на Валенсија кои во мај 2023 година имаа расистички испад кон Винисиус Жуниор, бразилскиот напаѓач на Реал.

Тие се осудени на 8  месеци затвор, а освен тоа добија забрана за влез на фудбалските стадиони во Шпанија на 2 години и ќе мора да ги сносат сите судски трошоци.

Винисиус идентификувал еден од сторителите, додека другите двајца биле фатени откако биле прегледани снимките од безбедносните камери на стадионот.

Му викале дека е мајмун и го имитирале споменатото животно. Првичната казна требаше да биде поголема, но беше намалена за една третина откако тие испратија формално писмо со извинување до Реал и Винисиус.

„Оваа пресуда е одлична вест за борбата против расизмот во Шпанија и испраќа јасна порака до луѓето кои одат на фудбалски натпревар со намера да навредат некого дека ќе бидат идентификувани од Ла Лига, пријавени и ќе бидат казнени за таквото однесување“, рече претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Ла Лига пријави 16 инциденти на расистичка злоупотреба против Винисиус до шпанските обвинители во текот на изминатите две сезони.

реклама

Фудбал

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Read more

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Read more

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Read more

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Read more
 

Спорт

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Читај повеќе