Тролови во време на корона вирус - Кети Пери, Мадона и Шерил измамени со лажни вирални видеа

Кети Пери прва „падна“ на троловите на Twitter кога вчера сподели вирален твит со видео од луѓе како излезени на балконите во хор го пеат нејзиниот хит „Roar“ додека се во карантин поради корона вирусот Covid-19.

Пери го ретвитна видеото, без да знае дека станува збор за звучна манипулација – видеото е вистинско, но луѓето не ја пеат нејзината песна. Троловите успеаја во намерата, а твитерџиите веднаш реагираа:

Веднаш по неа, „се лизна“ и Мадона. Истото видео, овојпат со намонтирана нејзина песна. Кралицата на поп-музиката, убедена дека луѓето ја пејат нејзината „I rise“, го ретвитна видеото.

Секако, твитерџиите и нејзе ѝ кажаа дека е „жртва на тролови“.

За крај, и Шерил го комплетираше „хет трикот“ - беше „насанкана“ со оваа невкусна шега во вакви времиња, а твитерџиите беа особено немилосрдни кон неа, со коментари како „не си толку позната за да се пеат твои песни“.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе