ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2025

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Макфакс/Кајгана
/ 13.02.2025 / 15:21

Офанзивецот Тодороски го напути Спартак од Суботица и се пресели во ТСЦ од Бачка Топола. Спартак од трансферот ќе заработи 450.000 евра и задржа 20% од наредната продажба на Тодороски.

Андреј Тодороски од почеткот на сезоната игра во добра форма. За Спартак одигра 19 натпревари на кои постигна 6 голови и 4 пати асистираше во најдобрата лига на Србија.

25-годишниот Тодорски е роден во Прилеп, но од најмала возраст кариерата ја градеше во австриските клубови Рапид, АКА Рапид, Виена, Фрст Виена, Флоридсдорфер и Винер.

За Македонија има настапи само на пријателски натпревари во младинските репрезентации бидејќи не поседува македонско државјанство и додека не извади не може да конкурира за во списокот на Благоја Милевски.

Во интервју за Спортски журнал од пред неколку месеци, тој изјави: „Имаше разговори. Секако дека би сакал да играм за Македонија, но кога ќе се среди целата потребна документација и ќе ни се вкрстат патиштата, т.е. во мене да гледаат играч кој во тој момент би можел да ѝ помогне на репрезентацијата.“.

Неговиот нов клуб ТСЦ е клуб на унгарското малцинство во Војводина.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Фудбал

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Read more

Анчелоти преговара со Бразил

Read more

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Read more

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе