Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Макфакс/Кајгана
/ 24.03.2025 / 14:25

Хрватскиот тренер Игор Тудор го презеде Јувентус, а сега се откриени интересни детали околу неговиот ангажман во клубот чиј дрес го носеше како играч.

Игор Тудор во Јувентус дојде на местото на Тиаго Мота, кој вчера доби отказ. Според La Gazzetta dello Sport, Мота телефонски го добил отказното решение.

Италијанските медиуми објавија дека Тудор за што поскоро да потпише договор со новиот работодавец, во неделата се седнал во својот автомобил и по 10 часа возење (1.000 километри) вечерта пристигнал во Торино.

Истите извори наведуваат дека неговата плата до крајот на сезоната ќе биде 500.000 евра.

Во договорот има и клаузула според која договорот на Тудор може да биде продолжен за целата наредна сезона, а сѐ што треба да направи за тоа е да се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона.

Инаку, Јуве има право да ја прекине соработката без дополнително објаснување до 30 јули годинава.

Хрватскиот стручњак, откриваат Италијанците, веќе имал средба со навивачите на „Старата дама“ во понеделник наутро, а се планира веднаш да го води првиот тренинг.

Ова нема да му биде прва авантура во Јуве бидејќи му беше асистент на Андреа Пирло во периодот од 2020-2021.

Тудор го презема Јувентус по двата катастрофални порази (4:0 од Аталанта и 3:0 од Фиорентина). Клубот моментално е на петтото место, со еден бод помалку од Болоња, која се наоѓа на четвртото место, последно кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе