Менаџерот на Челси, Томас Тухел, на многу интересен начин се пошегува на сметка на новиот сопственик на клубот Тод Боли и неговото присуство на натпреварите.
Боли го гледаше Челси од трибините во три наврати откако купи од Роман Абрамович, но допрва треба да го вкуси слаткиот вкус на победата.
Американскиот бизнисмен ги следеше натпреварите против Вулверхемптон и Лестер во Премиер лигата, кои завршија нерешено и финалето на ФА Купот против Ливерпул, по што „сините“ останаа без трофеј.
Според тренерот Томас Тухел, ова му е јасен знак повеќе да не доаѓа на натпреварите на Челси.
„Пак беше на натпревар? Тоа е јасен знак за него. Следната сезона ќе ги гледа натпреварите на ТВ од Лос Анџелес, барем тоа е јасно. Така мора да биде. Беше присутен дури и на финалето на ФА Купот на Вембли“, рече Тухел и така ги насмеа сите присутни на прес-конференцијата.
Германскиот стручњак смета дека среќата ќе се сврти кога ќе се финализира потпишувањето на документацијата која е во тек. Најавени се разговори меѓу Тухел и Боли, кои во наредните денови ќе направат план како да го вратат Челси во натпреварувањето за најголемите трофеи во светот на фудбалот.
„Ќе бидеме искрени и јасни. Ќе добие инструкции од мене ако ги сака. Ги губиме клучните играчи и имаме проблем со натпреваритре на домашен терен“, додаде Германецот.
Челси, пак, обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, но загуби два трофеи - во Лигата и ФА Купот во финалето.