ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Тухел го објасни исфрлањето на Лукаку: Работата отиде предалеку

Челси без Ромелу Лукаку одигра 2:2 синоќа на дербито против Ливерпул, а Томас Тухел ја објасни одлуката за исфрлањето на колосниот напаѓач.

Контроверзното интервју на Лукаку за италијански медиум предизвика бура во клубот од Лондон поради неговата носталгија за Интер и незадоволството од тактиките на Тухел.

„За интервјуто слушнав во петокот и мислев дека ќе можеме да се справиме со ситуацијата, не е прв пат вакво нешто да ми се случи во кариерата. Сѐ уште не се чувствувам лично нападнат, разочаран или што и да е. Не е ова лично. Работата стана преголема во саботата, особено ако в недела играш против Ливерпул. Едноставно беше премногу, се создаде премногу врева. Затоа решив да ги заштитам подготовките за натпреварот одлучувајќи тој да не игра“, објаснува Тухел.

„Нормално дека зборувавме за ова и тоа двапати со главните фудбалери. Сфативме дека натпреварот е премногу блиску, а работата отиде предалеку“.

Тој откри дека денеска во клубот ќе дискутира за понатамошните чекори. Дали Лукаку ќе биде казнет, дефинитивно отстранет или вратен во тимот.

„Состанок на темава ќе има в понеделник, затоа ја одложивме одлуката за тоа што ќе правиме понатаму. Ни беше потребно време, а имавме голем натпревар за играње. Целосниот фокус секогаш треба да е на натпреварите“.

„Според мене полесно беше да се фокусираме доколку тој не е во составот и затоа го направив тоа. Одлуката беше тешка, но според мене таа требаше да биде токму таква“.

Челси синоќа одигра интересно дерби во кое успеа да се врати по два гола негатива. Ливерпул водеше со головите на Садио Мане во 9-тата и на Мохамед Салах во 26. минута, а „Сините“ во 42. минута преку Матео Ковачиќ и 45+1 преку Кристијан Пулишиќ дојдоа до бод.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе