Фудбалерите на Интер се трети на табелата во Серија А со три бода помалку од првопласираната Аталанта, а на листата на стрелци се наоѓаат токму првотимците на овие два клуба - Маркус Турам и Матео Ратеги.

Двајцата досега успеаја да постигнат по 12 голови, два повеќе од Моис Кин од Фиорентина. Понатаму на листата следува новоизбраниот најдобар фудбалер на Африка, Адемола Лукман, партнер на Регети од нападот на Аталанта.
До крајот на сезоната има уште многу натпревари да се одиграат, сите комбинации се во игра, но доколку ситуацијата во листата на стрелците биде ваква, ќе се сруши рекорд стар над 30 години.
Имено, германскиот фудбалер Оливер Бирхоф постигна 27 голови за Милан во сезоната 1996/1997 и беше најдобар стрелец во Серија А, а една година подоцна таа титула му припадна на Марко Аморозо со 22 гола, а тоа беше последен пат двајца играчи од ист тим сезона за сезона да бидат најдобри стрелци во калчото.
Таа сезона беше специфична по тоа што германскиот фудбалер не играше цело време за клубот од Милано, но како негов член стана прв стрелец на Серија А, а последен пат кога двајца играчи поминаа цела сезона во ист тим и две години по ред беа најефикасните во Италија се случи во 70-тите години на минатиот век кога тоа го направија фудбалерите на Јувентус, Франческо Грациани и Паолино Палучи.
Имајќи предвид дека минатата сезона во Серија А најдобар стрелец во лигата беше Лаутаро Мартинес, доаѓаме до заклучок дека Интер е на добар пат да го повтори успехот на Милан и Јувентус.
Се разбира, за тоа ќе треба оваа сезона Маркус Турам да се најде на врвот. На Французинот му оди многу подобро отколку на неговиот партнер од нападот, бидејќи Аргентинецот има постигнато само 5 гола и е далеку од врвот.
Листа на стрелци во Серија А по 17 кола:
- 12 - Матео Ретеги (Аталанта)
Маркус Турам (Интер) - 10 - Моис Кин (Фиорентина)
- 9 - Адемола Лукман (Аталанта)
- 7 - Тати Кастежанос (Лацио)
Душан Влаховиќ (Јувентус)