Свет

Турција се соочува со недостаток на тестови за коронавирус бидејќи донираа половина милион на САД

27. март 2020 - 8:55 | М.С.

Турција пред седум дена во САД испрати половина милион тестови за коронавирус, и сега се соочува со недостаток на опрема во борба против пандемијата.

Анкара првиот заразен пациент го пријави пред две недели и оттогаш бројот на заболени порасна на 3.629, а администрацијата не успеа во намерата да прави 10.000 тестови дневно.

Тамошните власти побараа построги мерки и им наредија на луѓето да останат дома. Нарачаа милион тестови од Кина и прибор за тестирање.

Државната администрацијанаведе дека се преземени сите мерки на време за да се спречи ширењето на кoронавирусот.

Меѓутоа, д-р Адијаман вели дека Турција погреши што не ги прекина спортските натпревари на време и што не одреди самоизолација за луѓето кои пристигнуваа од странство.

*властите поставија тунели за дезинфекција од коронавирус

Тој укажа на тоа дека од почетокот на епидемијата па досега, околу 200.000 луѓе пристигнале од странство и на нив им е измерена температура, а потоа се пуштени да си одат дома.

Коментирај