Турскиот стрелец Јусуф Дикеч поднесе барање до Турскиот институт за интелектуална сопственост за да ја заштити комерцијалната употреба на позата што го прослави на Олимпијадата во Париз.
„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикеч, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили за AFP.
Некои спортисти, како што се шведскиот скокач во височина Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челси, Николас Џексон, ја копираа неговата поза при славење на своите успеси.
Турскиот информативен канал TRT Haber, наведува дека многу производи на кои се наоѓа позата на Дикеч, како маиици, шолји, маски за мобилни телефони, се пуштени во продажба.