„Туш за црева“ од 3 состојки - природно решение за запек

На TikTok се шири нов рецепт за здравје, наречен „внатрешен туш“. По бројните вирални трикови кои почнаа да се споделуваат на оваа социјална мрежа, се чини дека најновиот е фокусиран на здравјето на цревата.

Во чаша вода потребно е да се исцеди сок од еден лимон и да се додадат две лажици чиа семе. После тоа, неопходно е да се остави пијалакот да отстои неколку минути, а потоа да се испие одеднаш.

Бројни корисници споделија видеа со овој рецепт, а сите заедно имаат повеќе од 150 милиони прегледи. Една корисничка напиша дека редовно го консумира овој пијалак пред да патува за да спречи запек, додека друга вели дека со него го започнува денот. Сепак, што мислат гастроентеролозите за овој внатрешен туш? Дали е здрав или сепак има некои негативни страни?

@kellybaums But the bullet so you didn’t have to. #internalshower #chiaseedwater #humor ♬ original sound - Kelly B
Како функционира внатрешниот туш?

Ова секако не е рецепт што ќе го препишат гастроентеролозите, но може да помогне да се спречи запек. Главната причина е што пијалакот е полн со влакна.

„Чиа семето е одличен извор на влакна“, вели за Health д-р Рина Чокши, доцент на Катедрата за гастроентерологија на колеџот Бејлор.

Влакната се вид на јаглени хидрати кои телото не може да ги свари, а се важни за варењето. Чиа семето содржи растворливи влакна, тие привлекуваат вода и се претвораат во гел за време на варењето. Растворливите влакна додаваат волумен на столицата и помагаат да помине полесно. Со конзумирање на две лажици чиа семе ќе добиете дури 10 грама влакна.

Др. Чокши истакнува дека комбинацијата од чиа семе и многу течности (како чаша вода) може да го олесни движењето на столицата низ цревата.

Колку семки од чиа треба да јадете?

Со оглед на тоа што чиа семето содржи многу влакна, прекумерното консумирање може да создаде дигестивни проблеми.

„Ако јадете премногу чиа семки, дефинитивно може да предизвикаат надуеност и дијареа“, вели д-р Рудолф Бедфорд, гастроентеролог во здравствениот центар „Провиденс Сент Џон'с“ во Санта Моника.

Тој препорачува максимум две лажици чиа семе дневно, додека телото не се навикне на нив.

Бидејќи семките од чиа набабруваат кога се во контакт со вода, тие исто така можат да создадат ризик од задушување, особено ако се проголтаат без доволно вода. Еден случај од 2017 година е токму причина да се грижите за тоа како јадете чиа семе. Имено, 36-годишен маж имал сериозни тешкотии со голтањето откако проголтал лажица сушено семе од чиа, а потоа испил чаша вода. Откако чиа семето набабрило, што било предизвикано од водата, му го затнале хранопроводникот. Затоа е важно прво да ги оставите да стојат во чаша вода.

Исто така, секогаш постои страв од алергиски реакции, иако тие се ретки. Затоа, прво тестирајте мали количини чиа семе за да можете да ја видите реакцијата на вашето тело.

Придобивки од чиа семето

Одлично е што имаат низок гликемиски индекс, што ги става меѓу намирниците кои помагаат во регулирање и контрола на гликозата во крвта. На луѓето кои треба да ослабат им се препорачува да вклучат што е можно повеќе намирници со овие карактеристики во нивната исхрана.

Чиа семето не содржи глутен, па може да се вклучи во исхраната на луѓе кои имаат целијачна болест, алергија на глутен.

Овие семиња се исто така богати со глутамин; аминокиселина која позитивно влијае на човечкиот имунолошки систем и нервниот систем. Аспарагинската киселина е исто така присутна во значителна количина, што го поддржува функционирањето на нервниот систем.

Чиа семето содржи и протокатехуинска киселина, која освен антиоксиданс, има изразено антитуморно дејство и кај луѓето го поттикнува уништувањето на клетките на леукемијата. Оваа компонента помага да се спречи развојот на ракот.

Лек за запек

Запекот не е нормална појава, но е многу честа. Поради тоа многу лекари, нутриционисти, но и обични луѓе тргнале во потрага по лек. Најдобро решение е да внесувате многу влакна, да пиете многу вода и да вежбате редовно. Може да помогнат и лаксативи без рецепт.

Меѓутоа, ако често имате проблеми со запек, можеби е време да разговарате со вашиот лекар.

„Тие можат да откријат потенцијални причини за запекот и да ви помогнат“, вели д-р Бедфорд.

Исто така, неопходно е да побарате лекарска помош доколку вашата навика за нужда драстично се променила без поголеми промени во вашите животни навики. Особено ако наидете на крв во столицата, не сте праеле нужда една недела или имате стомачни болки.

Доколку лекарите утврдат дека немате никакви здравствени проблеми, слободно напијте се внатрешен туш.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе