Twitter оди кон банкрот - првата промена на Маск се покажа погрешна

Во своето прво обраќање кон запослените, Маск предупреди дека „банкротот не е исклучен“ доколку промените не бидат успешни.

Илон Маск, новиот сопственик и извршен директор на компанијата Twitter, за прв пат се обрати пред вработените, односно оние кои не добија отказ откако ја презеде платформата. Сепак, пораката која им ја пренесе не е воопшто охрабрувачка, бидејќи ги предупреди дека Twitter губи толку количини пари што „банкротот не е исклучен“.

Twitter нема остварено профит од 2019 година, а приходите од реклами значително опаднаа откако Маск го комплетираше преземањето, бидејќи многу огласувачи се повлекоа од платформата, а најбогатиот човек во светот изјави дека платформата може во 2023 година да изгуби неколку милијарди долари. Исто така, сугерираше дека иднината на оваа друштвена мрежа зависи од успехот на Twitter Blue претплатата. „Причината зошто агресивно трчаме по претплатници е за да го одржиме Twitter во живот“, рече Маск.

Тој на вработените повторно им го повтори својот став дека очекува да работат од канцеларија, поништувајќи ја претходната политика на компанијата за „работа од било кое место“. „Доколку сте физички способни да дојдете во канцеларија, а не се појавите - ја прифаќаме вашата оставка“, се закани Маск.

Изгледа како да преземањето на оваа платформа не оди според планот, особено откако корисниците ги покажаа сите слабости на освежената Blue претплата. Имено, корисниците кои се имаат претплатено на оваа услуга сега многу лесно можат да добијат сина икона за верификуван профил. Но, она за што компанијата очигледно не размислила е дека некој можеби ќе сака да ја злоупотреби оваа опција и да имитира познати личности и компании. Така, можевме да видиме како ликот на Супер Марио му покажува среден прст на „фицијалниот“ профил на Nintendo, а и многу други примери.

Издвојуваме некои од нив:

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе