Уапсен крадецот на уметнички слики од изложбата во „Матица ексклузив“

Полицијата од ПС Центар вчера го уапси 33-годишниот Е.Д. од Скопје и му е одреден притвор.

По него се трагаше со локална потерница поради основано сомнение дека на 26 и 27 јуни 2022 сторил две тешки кражби на уметнички слики од Павле Кузманоски во книжарницата  „Матица ексклузив“, на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје.

-Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е  мерка притвор, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 27 јуни информира дека два дена по отворањето на изложбата на слики од уметникот Павле Кузманоски, биле украдени 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејзажи создадени во изминатите 60 години.

– По големата кражба во седумдесеттите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар, соопшти  „Матица ексклузив“ во понеделникот.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе