Млад маж е уапсен откако со јајца ги гаѓал кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила во текот на посета на Јорк, пренесе Guardian.
Кралот и кралицата биле пречекани од челниците на градот, а потоа кон нив биле фрлени три јајца. За среќа, ниту едно не ја погодило кралската двојка.
Додека мажот бил приведуван, викал дека „ова земја е создадена од крвта на робови“.
Неговите постапки и зборови нашиле на негодување кај насобраниот народ.
Чарлс, кој во септември седна на престолот по смртта на кралицата Елизабета Втора, моментално е на дводневна тура низ Северна Англија.