Уапсен уште еден тинејџер, кој планирал напад на концертот на Тејлор Свифт

Макфакс
/ 09.08.2024 / 12:48

Уапсен е уште еден млад човек (18), кој е осомничен дека учествувал во планирањето терористички напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена, дознава KronenZeitung од судските кругови.

Според најголемиот австриски весник, обвиненијата се сè само не безопасни, а властите го истражуваат осомничениот за обид за масовно убиство.

Полицијата го соопшти идентитетот на главниот осомничен

Младиот човек наводно бил запознаен со плановите на уапсениот 19-годишен Беран А. од Терниц во Долна Австрија.

Уапсениот 19-годишник, чии родители по потекло се од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.

Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека тој требало да се случи или вечерва или утре.

„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и автомобил и на крајот да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот“, рекоа во соопштението за медиумите.

Уапсени се 17-годишник и 15-годишник

Второто уапсено лице е 17-годишник. Тој веќе им бил познат на безбедносните служби. Пред неколку дена се вработил во компанија која на концертот требало да дава услуги, како што се снабдување со храна и пијалаци. Според неговиот адвокат, тој нема никаква врска со тероризам или планирање напади. Наводно станува збор за тинејџер со хрватско-турско потекло.

Осомничен е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло.

реклама

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Каде се селат богатите инвеститори по нападите во Дубаи?

Read more

Трамп: Иран изгуби сè што можеше да изгуби, нема потреба од копнена инвазија

Read more

Свет

Колку ги чини Американците еден ден војна против Иран?

Read more

Сандерс: Нетанјаху конечно најде претседател на САД кој рече „да“

Read more

Исланд оди на референдум за преговорите за пристапување во ЕУ

Read more

6 март 1937, родена е Валентина Терешкова, првата жена во вселената

Read more
 

Вести

Колку ги чини Американците еден ден војна против Иран?

Читај повеќе

Поскапуваат пченицата, маслата и месото 

Читај повеќе

OJO отвори предмет за неправилности во ЦРС во врска со трагичниот настан во Тафталиџе

Читај повеќе

Косовската претседателка го распушти парламентот и распиша нови избори

Читај повеќе

Пресврт: САД ѝ дозволија на Индија да купува руска нафта

Читај повеќе

Сандерс: Нетанјаху конечно најде претседател на САД кој рече „да“

Читај повеќе

Исланд оди на референдум за преговорите за пристапување во ЕУ

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој со пиштол пукал и им се заканувал на сопругата и ќерките

Читај повеќе
  • filter

6 март 1937, родена е Валентина Терешкова, првата жена во вселената

Читај повеќе