Синоќа во 22:40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од Скопје.
При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 3 ќеси со марихуана и 1 куршум.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.