Уапсениот колумбиски наркобос соработувал со балкански криминалци

Главниот колумбиски наркобос, Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен завчера, е поврзан со балкански трговци со дрога.

Весникот Semana наведува дека Отониел, за да формира мрежа за илегална трговија, воспоставил врски во Панама, Мексико, Доминиканска Република и Белгија.

Semana исто така тврди дека досието до кое Редакцијата имала пристап содржи извештај за преговори со емисари на мексиканските картели, калабриската и сицилијанската мафија во Италија и организација за трговија со дрога на Балканот.

Колумбиските вооружени сили го уапсија Отониел за време на операцијата Озирис во рурална област во регионот Ураба.

Тој е обвинет за испорака на десетици пратки кокаин во САД, како и за убиства на полицајци, сексуално злоставување деца и регрутирање малолетници.

Како падна наркобосот?

Отониел беше уапсен во рурална област во близина на границата со Панама. Во акцијата за негово апсење учествуваа 500 војници, а беа користени и 22 хеликоптери.

Според BBC, Отониел користел мрежа од рурални безбедни куќи. Се селел од една во друга и така се криел од властите. Наркобосот не користел мобилен телефон, туку комуницирал преку курир. Порано полицијата во скривалишта наоѓала специјални ортопедски душеци наменети за Отониел. Се наведува дека овие специјални душеци ги користел поради болки во грбот, односно дискус хернија.

Весникот El Tiempo објави дека властите пред две недели на крајот успеале да го утврдат точното место каде бил уапсен наркобосот. Како што се наведува, неговото движење го следеле повеќе од 50 доушници со помош на сателитски снимки. Во потрагата беа вклучени американски и британски агенции за безбедност.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе