Убавините на Азорските Острови
Азорските Острови, или скратено Азори, се наоѓаат во регионот Макаронезија во Атлантскиот Океан, 1.360 километри западно од брегот на Португалија, земјата на која ѝ припаѓаат. На спротивната страна најблиску е Канада од која се оддалечени 2.980 километри од брегот на Њуфаундленд.
Имаат статус на автономна покраина со површина од 2.351 км² на која живеат 246.772 жители. Се работи за архипелаг од 9 вулкански острови кој има свое знаме, грб и дури три главни града и тоа Понта Делгада (кој е и најголем), Ангра ду Еруизму и Орта. Првпат биле населени во 1432 година.
Најголема туристичка гранка е туризмот, а населението се бави и со агрикултура, риболов и одгледување добиток.