Убавините на Гармиш-Партенкирхен
На повеќето им е познат по познатите скокалници, љубителите на зимските спортови веќе го обожаваат, но има и други работи што шармантниот Гармиш-Партенкирхен ги нуди.
Ова алпско гратче се наоѓа во Баварија, во крајниот јужен дел на Германија, до самата граница со Австрија. Има 27 илјади жители, а на локалниот баварски дијалект мештаните го нарекуваат Гармаш-Партакурх.