Убавините на Науру
За Науру можеби многумина не слушнале: се работи за најмалата островска држава во светот, сместена среде Пацификот која изобилува со природни убавини.
Република Науру е држава во регионот Микронезија, во Јужниот Пацифик. Таа е најмалата независна членка на Комонвелтот, најмалата независна република и единствената република без официјален главен град.
Има површина од само 21 км² на кои живеат 10.670 жители според пописот од 2018 година. Освен туризам, оваа островска држава живее и од вадење на каменот фосфорит со кој е богата.