Убиецот на Џон Ленон: Знаев дека тоа е лошо, но сакав да станам славен

На Марк Чепмен, убиецот кој на брутален начин го уби легендарниот музичар Џон Ленон, му е одбиена молбата за условно ослободување од затвор.

На Чепмен ова му е 12 пат како се обраќа на Одборот со намера со условна слобода да излезе од затвор.

„Нема да ја префрлам вината на друг. Свесен бев што правам и знаев дека тоа е зло. Знаев дека е погрешно, но толку многу сакав да станам славен што бев подготвен на сè, па дури и одземам човечки живот“, изјави Чепмен пред Одборот за условна казна.

Тој додаде:

„Тоа беше злото во моето срце. Сакав да бидам некој и никој не можеше да го спречи тоа“.

За потсетување, Чепмен го уби Ленон на 8 декември 1980 година, додека славниот музичар и Јоко Оно се враќаа во нивниот стан во Њујорк. Претходно тој ден, Ленон му даде автограм на копија од последниот албум што го реализираше со Јоко Оно.

Чепмен е осуден на доживотна казна затвор во поправна установа во Њујорк. Низ годините повеќе пати изразил каење.

„Повредив многу луѓе, но ако некој сака да ме мрази тоа е во ред. Го разбирам тоа“, изјави убиецот на сослушување одржано во август.

Одбивајќи да го пушти на слобода, Одборот објасни дека светот и понатаму закрепнува од празнината што ја создаде Чепмен.

Следното обраќање за условна слобода е закажано за февруари, 2024 година.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе