Убиен поранешниот MMA борач Тајлер Ист

Поранешниот ММА- борач Тајлер Ист е застрелан со огнено оружје и убиен вчеравечер во Ново Мексико (САД), соопшти полицијата. Тој имаше 30 години.

Како што соопштија надлежните, полицијата синоќа одговорила на повик за семејно насилство во предградието на Албукерки – Лос Лунас. Кога полицајците пристигнале, го пронашле Ист мртов, и уште една жена со прострелна рана.

Според првичните сведоштва, Ист ја застрелал својата девојка и ја извлекол од куќата, пред неидентификуван маж да пука во него, по што спортистот починал. Осомничениот за убиството на Ист избегал од местото пред пристигнувањето на полицијата.

Жената, чие име не се соопштува, е згрижена во болница и е во стабилна здравствена состојба.

Инаку, Тајлер Ист беше познат во борбите во тешка категорија. Неговата последна борба беше во Легаси ФЦ 60, 2016 година. Тој му беше брат на поранешниот борач Коди Ист.

Тајлер лани бeше уапсен под обвинение дека украл пари од банкарската сметка на неговиот мртов дедо, за спротивставување при апсење, а повеќепати бил пријавуван и за семејно насилство.  

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе