Убиени, исчезнати или дезертирани повеќе од 40.000 платеници на „Вагнер“

Според рускиот независен медиум Медуза, близу 40.000 руски војници од платеничката група „Вагнер“ биле „или убиени или исчезнале, или дезертирале или се предале“ за време на војната во Украина, при што останале само околу 10.000 кои уште се борат.

Овие 40.000 сочинуваат значителен дел од руската воена сила, бидејќи 20 отсто од руските затвореници кои биле регрутирани во борбите се од групата „Вагнер“, пишува Newsweek.

Олга Романова, директорка на руска добротворна организација, соработуваше со проектот „Моите руски права“ и во видео изјави дека затворениците кои исчезнуваат автоматски се прогласуваат за мртви. Но, многумина може едноставно да исчезнат или пребегале.

Членовите на семејствата на некои од борците на „Вагнер“ одржаа погреби за своите најблиски, само за да дознаат подоцна дека сè уште се живи во Украина. Една жена наводно добила ковчег од „Вагнер“, но подоцна открила дека бил празен.

„Ни рекоа дека нема потреба да го отвораме ковчегот, бидејќи пред да ги испратат војниците во војна им земаат ДНК, а кога ќе се најдат телата ги споредуваат, ни рекоа дека ни дале 100 отсто гаранција дека е тој“, рече жената и додаде дека не верува дека нејзиниот сопруг доброволно се приклучил на инвазијата“.

URL

Групата „Вагнер“ беше тајно формирана уште во 2014 година за време на конфликтот на Крим. Но, минатата година беше откриено дека движењето го води и финансира Евгениј Пригожин, бизнисмен кој ја водел и руската „Агенција за истражување на интернет“, односно „фарма“ на тролови.

Соединетите Американски Држави неодамна ја означија групата „Вагнер“ како транснационална криминална организација. По оваа одлука, сите средства на групата во САД се замрзнати. Групата беше санкционирана и од Европската Унија.

Многу членови на групата наводно имаат нацистички тетоважи и групата наводно го носи името на омилениот композитор на Хитлер. Во последно време симбол на движењето е чекан, бидејќи член кој се обидел да дезертира бил убиен со чекан.

Руските пратеници во моментов размислуваат за предлог-закон со кој ќе биде кривично дело критикувањето на групата „Вагнер“ или нејзините борци. Ова би имало значително влијание врз Русите кои сакаат да ја критикуваат инвазијата на Украина, третманот на затворениците или жалбите за исчезнатите членови на семејството.

Во минатото, групата беше обвинета за мачење, силување и вонсудски ликвидации во субсахарска Африка. Многумина веруваат дека групата е финансирана, меѓу другото, со експлоатација на природни ресурси во Мали, Централноафриканската Република и Судан.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Свет

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Read more

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Read more

Украински командант најави контраофанзива

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе