Скопје, 14 август 2020 (МИА) – Жител на скопско Инџиково ноќеска бил убиен во неговиот дом.

Убиството било извршено пред очите на неговата сопруга, од страна на две маскирани лица.
Како што соопшти МВР, синоќа еден час пред полноќ М.Н. пријавила дека во двор од куќа во село Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него.
Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.