„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да нè чуваат нè убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“.

На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите во пожарот што избувна за време на концертот на групата ДНК.

Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.

Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица.

Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more

Македонија

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Read more

Дел од Центар денеска без вода, дел од Кучково без струја

Read more

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Read more

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Читај повеќе

Ситуација во Ормутскиот Теснец потсети на Кубанската ракетна криза

Читај повеќе

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Читај повеќе

Франција со закон ќе забрани да се споредува Израел со нацистите

Читај повеќе

Трамп: Новиот премиер на Унгарија е добар човек

Читај повеќе

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, дел од Кучково без струја

Читај повеќе

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе