Македонија

Учениците утре се враќаат на настава

20. јануари 2020 - 14:26 | МИА

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – По тринеделен зимски распуст, учениците утре ќе се вратат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Наставата ќе продолжат да ја следат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20.000 првачиња.

Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука. 

Коментирај