УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Удри по Македончето: Зошто Адеми е виновен за дебаклот на Динамо?

Кога играта не функционира, мора да се бара виновник.

Загрепски Динамо синоќа на „Максимир“ загуби од Милан со 4:0 и со дебакл во 5. коло од групата Е беше елиминиран од Лигата на шампионите. Избраниците на Анте Чачиќ сè уште имаат теоретски шанси за третото место и европска пролет, но за тоа би морале да го победат Челси во Лондон, што, благо кажано, тешко е да се очекува.

Динамо се надеваше дека против италијанскиот шампион ќе ги надомести двата лоши натпревара со Салцбург, што се покажа како чиста утопија. Некој ќе се теши со теоријата дека победата на Италијанците била претерана и дека разликата меѓу овие два тима не е баш четири гола, но по првиот половина час од добрата игра на Динамо, Милан беше многу подобар и ги казни сите грешки на Динамо.

Детална анализа на дебаклот направи Стјепан Мати за хрватскиот портал Index.hr, во која го прозива македонскиот репрезентативец Аријан Адеми како главен проблем на Динамо.

Мишиќ играше сам

Милан по излегувањето од бековската линија во три додавања лесно дојде пред шеснаесетникот на Динамо, кој брзо ја загуби битката во средниот ред. Одличните Тонали и Бенасер немаа проблем да истрчаат покрај Јосип Мишиќ, кој неуспешно се обидуваше да закрпи огромни дупки на средината на теренот. Кога на Тонали и Бенасер им се придружи Де Кетеларе, Мишиќ немаше апсолутно никакви шанси.

Најконстантниот играч на Динамо играше сам во средниот ред. Тој и Аријан Адеми требаше да бидат блок пред последната линија на која требаше да се приклучи Иванушец, но него и Адеми никаде ги немаше. И тоа не е првпат, констатира Мати.

Лука Иванушец не е ни сенка на играчот кој беше пред операцијата на абдоминалниот ѕид, а се уби со одењето од крило во средниот ред, на што и самиот инсистираше. Тој веќе не е толку доминантен еден на еден и премалку се приклучува во нападот, но колку што е можно прави нешто кон грб.

Адеми тешко го поднесува ритамот на натпреварите

Но, најголемиот проблем на Динамо оваа сезона е Аријан Адеми. Живата легенда на клубот и омилена фигура во соблекувалната и клубските ходници е целосно надвор од форма. Капитенот на Динамо сепак некако играше на почетокот на сезоната, но како одминуваше сезоната и драстично се зголемуваше ритамот на натпреварите, Адеми го загуби ритамот и го немаше на многу важни натпревари оваа сезона.

Адеми беше одличен на почетокот на сезоната. Погоди и асистираше против Шкупи на „Максимир“, погоди и во Македонија, израмни на 1:1 во дербито против Хајдук (4:1), но потоа падна. Роберт Љубичиќ беше доведен како играч за да го одмори Адеми, но мораше да го закрпи левото крило бидејќи Чачиќ нема доверба во ниту еден од двајцата други леви бекови што ги има.

Единствениот преостанат играч кој може да игра на негово место е Марко Булат, но и тој штотуку се враќа од тешката повреда, па Адеми оваа сезона мораше да ги игра речиси сите натпревари. Адеми, истрошен од бројните повреди во последните неколку сезони, веќе не може да го држи тој ритам. Тоа се виде на двата натпревара против Салцбург, се виде на дербито со Хајдук на „Пољуд“ и на „Максимир“ против Милан.

Ова не е добро ни за Динамо, ни за него

Чачиќ нема кој да го замени. Ќе мора да го измислат затоа што овој Адеми не е добар ни за Динамо, ни за себе. На играч со повеќе од 350 натпревари за Динамо не му треба навивачите и сите околу него да коментираат дека моментално е послаб играч. Проблемот е што никој во клубот нема сила да му каже, а никој не му прави услуга со тоа што постојано игра, смета Мати.

Динамо не е единствениот клуб кој има проблем со капитен кој е целосно надвор од форма. Серхио Бускетс не е во форма веќе две сезони, па ниту големина како Чави не може да му каже дека мора да се пресели на клупата. Воопшто не е лесна одлука, но некој ќе мора да ја донесе.

Адеми во Динамо одамна имаше многу поголема улога од формален капитен на теренот. Тој е лидер на тимот на теренот и надвор од него. Тој е на чело на „блиското раководство“ на тимот, го има главниот збор во сите преговори на тимот со управата, а го консултираат и за важни одлуки како што се нови договори за други играчи.

Порака до соиграчите

Адеми со години е војник на клубот и величина која прерасна во еден од најголемите играчи во историјата на Динамо. Ништо нема да може да го промени тоа, ниту една лоша полусезона или цела година. Следува паузата за Светското првенство во Катар, што е можност Адеми да одмори.

Но, ако ништо не се промени кога сезоната повторно ќе започне, некој ќе мора да ја пресече и да најде решение да го одмори или да го префрли на клупата. Најдобро би било сам да го направи тоа. И знае дека не е на нивото што се очекува од него, а со преселбата на клупата би испратил и порака дека никој во тимот не е недопирлив, заклучува хрватскиот новинар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе