УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Макфакс/Кајгана
/ 12.02.2025 / 11:49

Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека започнала преговори за продажба на телевизиските права со американската агенција Relevent Sports за периодот од 2027 до 2033 година.

УЕФА на тој начин планира да ја прекине соработката со швајцарската агенција TEAM Marketing, која од 1992 година ги продава телевизиските права за Лигата на шампионите.

УЕФА додаде дека одлуката во корист на американската агенција била донесена по тендер, „во кој биле вклучени понуди од неколку светски и регионални агенции“.

„Нормално, ние сме разочарани, но остануваме неверојатно горди на работата што ја направивме заедно со УЕФА во последните 35 години. Заедно изградивме глобално призната комерцијална програма која генерира над 50 милијарди евра приход за европскиот клубски фудбал“, соопштија од швајцарската агенција.

Договорот со американската агенција би можел да ги обнови шпекулациите дека финалето на Лигата на шампионите еден ден може да се игра во САД. Ова е редовна тема откако Словенецот Александeр Чеферин беше избран на чело на УЕФА во 2016 година.

Американската агенција Relevent Sports со седиште во Њујорк ја води Стивен Рос, сопственик на Мајами Долфинс, клуб кој се натпреварува во НФЛ, а потпишувањето на договорот со УЕФА се очекува во следните неколку недели.

Првиот договор на Relevent Sports со УЕФА беше постигнат во 2022 година и вклучува продажба на правата од Лигата на шампионите само за територијата на САД.

Според плановите, УЕФА треба да генерира бруто комерцијален приход од најмалку 4,4 милијарди евра до 2027 година, од продажбата на телевизиските права за Лигата на шампионите, Лига Европа, Конференциската лига и Суперкупот, сето тоа преку својот сегашен партнер од Швајцарија.

Оваа сезона 36-те екипи од Лигата на шампионите ќе поделат околу 2,5 милијарди евра од наградниот фонд на УЕФА.

Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Фудбал

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Read more

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Read more

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе