УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Европското фудбалско тело УЕФА му забрани на минхенскиот гигант да ги носи црвените домашни дресови во Лигата на шампионите поради одредена причина.

Според Bild, проблемот е што црните броеви на црвениот дрес не даваат доволно јасна слика за гледачите малите малите ТВ екрани и на стадионите, што ги прекршува прописите за видливост.

За во иднина да го носат споменатиот црвен дрес, ќе мора да го приспособат на правилата на европската фудбалска управа и на него во бела боја да ги стават броевите и презимињата на играчите.

Во претходните натпревари од Лигата на шампионите, Баерн носеше црни или беж дресови, а во среда ги очекува меч од нокаут-фазата против Селтик во Шкотска.

И таму нема да ги носи своите црвени дресови и покрај тоа што шкотските гиганти носат зелено-бели дресови.

„Воопшто не се сомневам дека можеме да го победиме Баерн. На секое ниво покажавме дека сме способни да постигнуваме голови“, изјави тренерот на шкотскиот клуб, Брендан Роџерс.

Шкотскиот гигант е непоразен во 16 домашни натпревари сезонава, вклучувајќи 4 натпревари од Лигата на шампионите, а веќе играше против германски клуб оваа сезона, победувајќи го Лајпциг со 3:1 на „Селтик Парк“.

реклама

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Read more

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Read more

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Read more

Фудбал

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Read more

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Read more

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Read more

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе

Роберто Манчини има нова работа

Читај повеќе

Ибра ја објасни разликата помеѓу трите најсилни лиги во кои играл

Читај повеќе

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски навивач си ќари дрес и автограм од судијата

Читај повеќе

Прво синот на Зидан, сега брат му на Мбапе: Алжир си ја собира дијаспората

Читај повеќе