УЕФА ЕУРО 2020

УЕФА наложи корекции на украинскиот дрес за ЕУРО

УЕФА делумно ја прифати жалбата на Русија поднесена поради изгледот на новиот дрес со кој украинската фудбалска репрезентација ќе настапи на ЕУРО 2020.

Украина од дресот ќе мора да го отстрани натписот „Слава Україні! Героям слава!“ (Слава на Украина! Слава на хероите!), откако УЕФА заклучи дека слоганот испраќа политичка порака и содржи историски и милитантен контекст.

„По детална анализа, натписот 'Героям слава!' очигледно е од политичка природа и затоа треба да биде отстранет од натпреварите во организација на УЕФА, изјави портпаролот на Европската куќа на фудбалот.

Руските политичари го критикува спорниот натпис, наведувајќи дека таа парола за време на Втората светска војна ја користеле украинските националисти, кои се бореле на страна на нацистите против Советската армија.

Картата на која се наоѓа и олуостровот Крим ќе остане на украинскиот дрес, бидејќи, како што истакна УЕФА, станува збор за меѓународно признати граници. Русија во 2014 година еднострано го припои Крим кон своите граници. Иако самите граќани на Крим на референдум одлучија да се припојат кон Русија, западниот свет не ја признава нивната одлука и желба.

Украина веќе играше натпревари со новите дресови и тоа пријателските против Северна Ирска (1:0) и Кипар (4:0), додека во мај против Бахреин (1:1) настапи во старите дресови.

На ЕУРО „Жолто-сините“ прво ќе ѝ се спротивстават на Холандија в недела од 21 часот, а потоа в четврток силите ќе ги одмерат со Македонија, за на крај групната фаза да ја завршат против Австрија на 21 јуни.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе