УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

УЕФА, ФА со Премиер лигата, РФЕФ со Ла Лига и ФИГЦ со Серија А заеднички ја осудија новонајавената Супер лига.

Европската куќа на фудбалот во заедничко соопштение со фудбалските федерации на Англија, Шпанија и Италија, како и нивните лиги кои, патем, се водечки три на светот, настапија со осуда за најавената Супер лига и најавија бескомпромисна борба против ова фудбалско зло.

„Сите ние дознавме дека неколку англиски, шпански и италијански клубови планираат да создадат затворено натпреварување, таканаречена Супер лига“, почнува соопштението.

„Доколку тоа се случи, сакаме да повториме дека ние - УЕФА, ФА, РФЕФ, ФИГЦ, Премиер лига, Ла Лига, Серија А, но и ФИФА и сите нејзини членки - ќе останеме обединети во нашите напори да спречиме ваков циничен проект, проект кој е создаден врз интересот на неколку клубови во време кога на општеството му е потребна солидарност повеќе од било кога“.

„Ќе ги земеме предвид сите расположливи мерки, на сите нивоа, и правни и спортски со цел да спречиме ова да се случи. Фудбалот се базира врз отворени натпреварувања и спортска заслуга; не смее да биде на друг начин“.

„Како што претходно објави ФИФА и шесте конфедерации, клубовите учесници ќе бидат суспендирани од учество во сите натпреварувања на домашно, европско и светско ниво, а на нивните играчи ќе им биде забрането да ги претставуваат своите репрезентации“.

„Им се заблагодаруваме на оние клубови од дрите земји, особено на француските и на германските клубови, кои одбиле да се приклучат во ова. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачи и политичари, да ни се придружат во борбата против ваков проект доколку се оствари. Овој постојан себичен интерес на неколкумина веќе предолго трае. Доста е“, завршува соопштението.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе