УФЦ шампионката Нуњез ја расплака противничката со еден гест

Аманда Нуњез синоќа славеше во главната борба на вечерта во Лас Вегас против Фелиша Спенсер, откако со одлука на судијата ја одбрани титулата во перолесна категорија во УФЦ.

По борбата, Нуњез покажа што навистина значи да се биде најдобар во историјата на еден спорт (GOAT).

Кога станува збор за Нуњез, нема сомнеж дека зборуваме за најдобрата шампионка која некогаш сме ја гледале во ММА спортот, а со тоа и во УФЦ. Таа е актуелна шампионка во перолесна и бантам категорија и успешно ги има одбрането и двете титули.

URL

Бразилката нема изгубено борба од 2014 година и синоќа ја запиша 11-тата победа во низа. Нуњез доминираше над Канаѓанката Спенсер и запиша рутинска победа, додека има впечаток дека борбата можеше да се прекине и порано. Според официјалната статистика, Нуњез имала 124 значајни удари, што е дури 80 повеќе во споредба со Спенсер.

URL

По борбата, Нуњез го стави нејзиниот појас на рамото на Спенсер и на тој начин ѝ оддаде почит за отпорот кој ѝ го пружи во борбата во која практично немаше шанси за победа. Спенсер успеа да остане на нозе до судиската одлука. По ваквиот потег на Бразилката, можеше да се види дека Спенсер се расплака од среќа.

URL

„Не сум изненадена што судијата не ја прекина борбата бидејќи знам дека е многу цврста. Уште пред борбата кажував дека знам за што е способна и дека е тежок противник. Добро ја проучував. Знаев дека морам да бидам доминантна и остра како кактус“, рече Нуњез по борбата.

URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе