УФЦ убавица: Пејџ Ван Зант
Русокосата убавица Пејџ Ван Зант е една од најпознатите ММА борачки. Нејзината животна приказна е доста интересна. Додека барала студио за танцување како тинејџерка, случајно наишла на ММА вежбалницата на Кен Шемрок и почнала да тренира.
Почнала со бокс и џиу-џицу, а првата аматерска борба ја имала на 18 години. Во 2013 година УФЦ потпиша договор со кој Ван Зант стана дел борбите. Освен ММА борбите, русокосата Американка е модел, а во 2019 година се појави во изданието на Sports Illustrated Swimsuit.
Во август годинава Пејџ не доби продолжување на договорот од УФЦ и наместо тоа ќе си ја проба среќата во боксување со голи раце за БКФЦ.