Украина победи на Евровизија: Нашата песна не победи само поради политиката

По финалното шоу на овогодинешниот Евросонг, се одржа прес-конференција на која победниците - членови на украинската група Kalush Orchestra - се обратија пред публиката и порачаа дека политиката не е единствената причина за нивната победа.

Украинските претставници освоија вкупно 631 поен, а од публиката добија неверојатни 439 поени. Од самиот почеток обложувалниците им предвидуваа висока позиција, што на крајот и се оствари.

На прес-конференцијата одржана по финалето, новинарите ги прашаа дали мислат дека победиле благодарение на актуелната политичка ситуација во која се наоѓа нивната земја.

„Нашата песна беше многу слушана уште пред Русија да ја нападне Украина. Секако, победата е многу значајна за Украина оваа година поради сѐ што ни се случува“, велат тие.

Remote video URL

Додадоа дека сѐ уште не добиле повик од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на социјалните мрежи објави дека ќе биде домаќин на Евровизија во реновираниот Мариупол.

Членовите на групата имаа слична порака: „Тој е зафатен. Но, ние ќе бидеме среќни да бидеме домаќини на Европа следната година во нова, среќна Украина“, велат тие.

Kalush Orchestra го носи името на украински град, а победничката песна „Stefania“ е посветена на мајката на фронтменот, но и на сите други мајки и зборува за нивните предизвици во денешниот свет.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе