На 01.10.2022 во 15 часот пријавено е дека во Скопје на паркинг пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко автомобил со дипломатски регистарски ознаки, управуван од И.И.(50) од Украина, автомобил со скопски регистарски ознаки управуван од Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.