Унаи Симон, првиот голман на Атлетик и на шпанската репрезентација, кој во неделата со неа стана европски шампион, оваа недела ќе мора да го оперира зглобот.

Симон ќе паузира три до четири месеци. Според очекувањата, тој некаде во октомври ќе може да се стави на располагање на својот клуб.
Симон веќе некое време се мачи со повреда која сега ќе ја санира со операција.
Очекувањата се дека ќе пропушти најмалку 8 првенствени натпревари во новата сезона и неколку во Лига Европа. Него во тој период на голот на тимот од Билбао ќе го замени Хулен Агирезабала, голманот кој бранеше за тимот во Копа дел Реј, која Атлетик ја освои.
На ЕУРО, Унаи Симон, не бранеше само во третото коло од групата против Албанија, кога Луис де ла Фуенте изваде резервен состав.
Минатата сезона одигра 36 натпревари во Примера, прими 33 гола, а 18 пати остана несовладан.