Унгарија нема да ги поддржи предлозите на ЕУ за воена помош за Украина

Советот за надворешни работи на Европската Унија денеска заседава во Брисел, а една од темите ќе биде руската агресија врз Украина.

Унгарија ќе се изјасни против продолжувањето на воената помош за Украина на сметка на европските даночни обврзници на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што ќе се отвори во Брисел.

Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи и економски односи Петер Сијарто, што е токму ставот на оваа земја од почетокот.

„Брисел сега е целосно изолиран во светската политика од либералните европски провоени политичари кои постојано се обидуваат да го попречат успехот на мировните преговори. Денеска во Брисел ќе има неколку предлози на агендата со кои се бара да ѝ се дадат на Украина милијарди евра или оружје од парите на европските даночни обврзници. Одиме во Брисел да се спротивставиме на провоените преговори“, рече тој.

Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, се очекува денеска да претстави иницијатива за зголемена воена поддршка на Украина во 2025 година, со безбедносни гаранции и зајакнување на одбранбениот потенцијал на земјата.

Дополнително, една од темите треба да бидат односите меѓу ЕУ и Америка и влијанието на американските надворешнополитички одлуки и европскиот одговор на нив.

Тагови
реклама

Свет

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Read more

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Read more

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Read more

Трета среќа за Доналд Трамп Џуниор: Се сврши со Бетина Андерсон

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе