Уникатна велигденска традиција на казнување на Јуда во Никарагва

Повеќе од 2 илјади години по предавството кое наводно Јуда го извршил врз Исус Христос, жителите на еден град во Никарагва сѐ уште не можат да се помират со тоа и секоја година го казнуваат предавникот.

Веќе како повеќе од еден век граѓаните на Масатепе учествуваат во фестивал за Велики петок кој вклучува влечење на врзаниот Јуда низ градските улици.

Непокажувајќи ниту трошка од она христијанско простување, луѓето го фаќаат и го казнуваат човекот кој ја има честа да биде Јуда, и кој се чини одлично го прифатил предизвикот, иако веројатно дома ќе си замине со по некоја модрица.

„Ова се пренесува со генерации наназад. Нашите татковци и дедовци ни ја оставија оваа традиција на Јуда од Масатепе. Со моите 34 години, учествувам во овој настан веќе 26 години. Ова се случува секој Велики четврток и Велики петок во нашиот Масатепе и е уникатна традиција во светот“, вели еден од учесниците на овој необичен фестивал.

Remote video URL

Масатепе е инаку град со 40 илјади жители во западниот дел на Никарагва, држава во Средна Америка. Основан е уште од пред колонијалното време, а името кое доаѓа од јазикот науатл го задржал до ден денес.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе