Уругвај го има новиот Луис Суарес: Ова е гол-машината Матијас Аресо

Има само 18 години, а веќе има одиграно педесетина натпревари на сениорско ниво, додека неговиот клуб му одреди откупна цена од 20 милиони евра.

Во ноември стана полнолетен, а веќе е докажан голгетер во уругвајската лига. Матијас Аресо во својата татковина е најавуван како новиот Луис Суарес и треба да е предводник на новата генерација на уругвајски фудбалери кои ќе се обидат да го однесат Уругвај онаму каде не успеаја Суарес, Диего Форлан и Единсон Кавани, на врвот во светскиот фудбал првпат по 1950 година.

Игра за Ривер Плејт, но не оној познатиот од Буенос Аирес, туку комшискиот, преку реката, оној од Монтевидео. Лани на 21 натпревар во Примера Дивисион постигна 9 гола со 4 асистенции, а заби и 2 во Копа Судамерикана. Игра за сениорскиот тим уште од свои 16 години кога во сезоната 2019 на 22 натпревара постигна 6 голови и 1 асистенција. Во новата сезона 2021 уште на првиот натпревар погоди, а на вториот асистираше.

URL

Го викаат Бафало поради неговиот силен физички изглед и начинот на кој трча. Роден е во Монтевидео во 2002 година како второ од четирите деца во фудбалско семејство. Едниот брат му се вика Бекам, во чест на Дејвид Бекам, додека другиот Икер, во чест на Икер Касиљас. Почнал со фудбал уште на 3-годишна возраст. На почеток бил голман, но не му одело.

„Кога почнав да играм некако ми се стоеше на гол, но примав по пет голови, па си реков 'доста е, никогаш повеќе не застанувам тука'“, вели Матијас.

Тогаш ги фрлил ракавиците и станал играч од средниот ред, пред конечно да се етаблира во нападот откако му се приклучил на Ривер Плејт во раните тинејџерски години.

„Еден тренер ми рече 'дојди ваму, ќе бидеш голгетер' и таа година дадов околу 40 голови, па останав напаѓач. Ми се допадна да напаѓам, но не и да играм во одбрана“, признава Матијас.

Ги има минато сите младински селекции на Уригвај, а сега го чека дебито во сениорската репрезентација, деби кое ништо чудно да се случи и годинава.

Ривер од Монтевидео не е гигант како неговиот аргентински имењак. Никогаш не бил шампион на Уругвај, а лани заврши седми. Веќе на големо се зборува дека двата уругвајски колоси, Насионал и Пењарол, сакаат да го земат во своите редови, но претседателот на Ривер постави висока цена за уругвајски услови.

„Цената која ја одредивме за Матијас Аресо е 20 милиони евра. Досега ни имаат понудено неколку милиони долари, но сите ги одбивме“, вели претседателот на клубот, Вили Тучи.

И во Европа ја пратат ситуацијата. Бенфика и Севиља веќе искажаа интерес, а последни во низата се Барселона, Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Remote video URL

Додека гигантите ќе наддаваат за наследникот на Луис Суарес, Матијас живее дома со неговото семејство во Нуево Парис маалото во Монтевидео. Вели дека идол во животот му е татко му.

„Тој е мојот идол. Работи градежништво и секогаш ни дава сѐ“, вели тој за Ovación.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе