Уште 12 позитивни на COVID-19 пристигнале од Скопје во Турку

Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на WizzAir од Скопје во Турку биле позитивни на COVID-19, соопштија финските власти.

На летот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. На сите патници им се издадени писмени наредби за домашен карантин, што ќе го надгледуваат локалните власти.

Ова е трет по ред лет Скопје-Турку во кој се откриени патници позитивни на COVID-19. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште 5. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаја на коронавирус. Најголем дел од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

Финските власти не соопштија детали за здравствената состојба на заразените и колку од нив се хоспитализирани, но најавуваат можна промена на режимот на патување со високоризичните земји, меѓу кои ја вклучуваат и Северна Македонија.

Загриженост поради зголемениот број импортирани случаи на COVID-19 изрази и градоначалничката на Турку, Мина Арве. Побара да се размисли за воведување задолжителен негативен тест за сите кои влегуваат во Финска, како и други ограничувања за патниците кои доаѓаат од ризични земји.

Министерката за внатрешни работи, Марија Охисало, изјави дека Владата бара најефикасни начини за да се спречи ширењето на коронавирусот. Најави и можна привремена забрана на летовите од земјите со висок ризик од COVID-19, како и изготвување регистар на држави и нивно групирање во црвена, зелена и жолта зона.

Оние што пристигнуваат од црвените зони ќе бидат задолжително тестирани и ставени во карантин, а за патниците од жолтите области, ќе има само карантин. Во зелената група се земји кои во период од две недели имаат помалку од 8 инфицирани на 100.000 жители луѓе и за нив ќе нема ограничувања за влез во Финска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе