Уште двајца починати од Куманово, тврди градоначалникот Димитриевски

Скопје, 6 април 2020 (МИА) –  Уште две лица од Куманово починале од COVID-19, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва, како гостин во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.

Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.

Во емисијата ги сподели и искуствата во справувањето со ширењето на вирусот и карантинот што беше спроведен во текот на викендот.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус  во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга  и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без други познати претходни заболувања.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе