Уште една славна личност е поврзана со истрагата за смртта на Метју Пери поврзана со дрога, а новиот извештај зборува за нивната заедничка зависност.
Истрагата на полициската управа во Лос Анџелес за предозирање со кетамин на Пери открила вмешаност на друго лице, пренесува InTouch.
Сè уште неименуваната жена, наводно, тврдела дека повеќе не користи наркотици, туку била „аптека на две нозе“, според изворот. Наводно се појавија фотографии на кои се гледа жената со Пери во ординација каде доктор му препишувал кетамин.
Двајцата меѓусебно се упатувале кај нивните лекари за да набавуваат дрога и честопати си се доверувале еден на друг за нивните битки со зависноста, тврди изворот.
Анонимната славна личност е втората личност поврзана со смртта на Пери, откако беше именувана поранешната сопруга на Чарли Шин, Брук Милер.
Пери беше пронајден онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес на 28 октомври 2023 година и почина на 54-годишна возраст од акутни ефекти на кетамин и давење, покажала неговата обдукција. Актерот имал слични количества кетамин во неговиот систем како болнички пациент под општа анестезија.
Актерот отворено зборуваше за примање терапија, т.е. инфузија на кетамин како третман за депресија.