Уште не сме се населиле на Марс, а веќе ја загадуваме Црвената планета

Кога размислуваме за истражување на вселената, обично замислуваме непознати цивилизации, неистражени светови и технологии кои надминуваат сè што знаеме.

Сепак, вистинската реалност на вселенските мисии вклучува многу практични, па дури и малку бизарни предизвици. На пример, хеликоптерот на НАСА, Ingenuity, кој одигра клучна улога во мисијата Mars 2020, имаше можност да сними нешто што можеби изгледа како „неземна“ глетка, но во реалноста, тоа е остаток од нешто што го создал човекот.

Овој случај ни покажува дека и покрај сите напредни технологии, нашето присуство во вселената остава траги кои не можеме така лесно да ги игнорираме. И додека сликите од Марс нè возбудуваат, можеби треба да бидеме загрижени за тоа што оставаме зад нас таму, пишува LADbible.

Хеликоптерот Ingenuity на НАСА, кој беше дел од мисијата Mars 2020 година, направи импресивни 72 лета на Црвената планета, а за време на еден од тие летови, сними сцена што можеше да изгледа како нешто од научно-фантастичен филм. Имено, сред црвениот песок, хеликоптерот наишол на остатоци од летало.

Глетката била толку необична што предизвикала сензација, бидејќи изгледало дека е нешто „неземно“. Но, како што објасни Иан Кларк, инженерот задолжен за системот падобрани на роверот Perseverance, тоа беа само остатоци од човечки производ - опремата што се користеше за слетување на Ingenuity на површината на Марс.

Оваа слика не е доказ дека постои вонземски живот, туку потсетување на нашето присуство во универзумот и на неизбежните последици што тој ги носи. Овој отпад, кој изгледа како остатоци од вселенски бродови, е всушност производ на нашата сопствена технологија која сега лежи на речиси неподвижната површина на Марс. Можеби ова е само почеток на нашето загадување на другите светови со отпадот што ќе го оставиме зад нас, како оној во орбитата на Земјата.

Само околу 2.000 активни сателити моментално орбитираат околу Земјата, додека има околу 3.000 неактивни, а бројот на отпадоци во вселената само расте.

Овој отпад претставува опасност за нашите вселенски мисии, но можеби еден ден, додека го истражуваме Марс или други планети, ќе треба да донесеме одлуки дали да ги исчистиме остатоците или да ги оставиме како траги од човечките амбиции и технологии на другите светови.

реклама
prostitute-pimping.jpg

Интересни факти за проституцијата што можеби не сте ги знаеле

Read more
Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Read more
„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

Read more
Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Read more

Вести

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Read more

Први фотографии од вселената снимени со најголемата камера досега

Read more

Научници можеби пронајдоа докази за фамозната Деветта планета

Read more

Must have гаџети за твоите урбани авантури

Read more
 

Гик

Minecraft конечно доби графичко подобрување, но не за сите верзии на игрицата

Читај повеќе

Samsung рекордер во производство на телефони

Читај повеќе

Колку е штетна вештачката интелигенција за планетата: Чини шише вода за секои 100 зборови, но понекогаш вреди

Читај повеќе

Зошто е важно редовно да го рестартирате телефонот?

Читај повеќе

Кои се најпродаваните гејмерски конзоли на сите времиња?

Читај повеќе

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии од вселената снимени со најголемата камера досега

Читај повеќе

Научници можеби пронајдоа докази за фамозната Деветта планета

Читај повеќе

Дали на телефонот ви се појавува VoLTE?

Читај повеќе