Усик: Фјури бега од мене, се плаши

Украинскиот боксер Олександр Усик го критикуваше Фјури Тајсон бидејќи не сака да се бори против него за обединување на сите титули во боксот. Наместо тоа, Фјури договори борба со Дерек Чисора, британски професионален боксер кој има три порази во последните четири меча.

„Во овој момент можам само да се насмеам на ова. Зошто го прави тоа? Мислам дека веќе се согласивме на меч, а тој сега бега и зборува дека јас не сакам да се борам против него. Знам дека се плаши од мене. Тој е опасен. Голем е, див и многу интелигентен. Знае што треба да прави во рингот. Сакам да се борам против него за обединување на сите титули“, изјави Усик за ESPN.

Чисора и Фјури ќе се борат во Лондон на 3 декември оваа година. Украинскиот боксер треба уште еднаш да се бори против Ентони Џошуа, а изгледа борбата ќе се одржи во Саудиска Арабија на почетокот на следната година.

Фјури е носител на WBC титула во тешка категорија, додека Усик ги има сите останати појаси во професионалниот бокс.

Претходно, Фјури се налути во текот на интервју со Брајан Дејвис кој го праша зошто договара борба во која победникот е многу извесен, наместо да се бори против Ентони Џошуа или некој друг, поатрактивен борач. Фјури збесна и почна да го навредува водителот, пред целосно да го прекине интервјуто.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе