Во Лондон, синоќа се одржа боксерско шоу на стадионот на Тотенхем. Во главниот настан, досегашниот шампион ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа боксуваше против Украинецот Олександр Усик.
Украинецот победи со едногласна одлука на судиите и го презеде тронот од Џошуа. Резултатот кај тројцата судии: 117:112, 116:112 и 115:113.
Усик е вториот боксер во историјата кој стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.
Украинецот го стори тоа многу побрзо од Холифилд, по само 19 борби во професионалниот ринг.
Усик заплака по победата, ова е моментот од прогласувањето на победникот: