Услови за влез во Грција до 1 октомври

Сегашните мерки и услови за влез во Грција не се променети и денес се продолжени до 1 октомври.

Според одлуката на Владата на Грција, сите посетители „без оглед на државјанството и начинот на влегување во земјата“, како и во изминатите четири месеци, имаат четири опции, во однос на документите што треба да се приложат и се однесуваат на COVID-19.

Уште може да се влезе со негативен тест за антиген на COVID-9, стар најмногу 48 часа пред пристигнувањето во Грција, или со негативен ПЦР тест, што е направен во последните 72 часа пред пристигнувањето.

Влезот е одобрен и во случај на целосна имунизација против коронавирус, со потврда за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата или со потврда дека лицето прележало COVID-19, во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена од патувањето.

Овие обврски се однесуваат на возрасни и малолетници на возраст од 12 години и постари, и сите лица (важат и за деца без разлика на возраста) кои влегуваат во Грција мора прво да пополнат електронски формулар за апликација - Pasenger Location Form, преку веб-страницата https://travel.gov.gr/ (најмалку 24 часа пред да влезете во Грција) - и да се приложи примениот код при внесување.

Лицата што влегуваат во Грција, според важечките мерки, ќе бидат тестирани по случаен избор врз основа на здравствениот алгоритам и за сите патници, без оглед на националноста и начинот на влез, кои пристигнуваат во Грција од следниве земји: Албанија, Аргентина, Бразил, Бугарија, Грузија, Египет, Куба, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија, Северна Македонија, Турција, ОАЕ, кои поднесуваат само негативен тест, како услов за влез е негативен резултат од задолжителниот ПЦР тест и брз тест на влезните точки во Грција.

Задолжителното тестирање не се однесува на оние кои имаат валиден сертификат за вакцинација 14 дена по втората доза или потврда дека имале болест во изминатите шест месеци.

Европскиот дигитален ковид-сертификат е четврта алтернативна опција за влез во Грција.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе