Утре без струја и вода делови од главниот град

Во текот на утрешниот ден привремен прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија ќе има на територија на главниот град Скопје и неговата околина.

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известува дека утре поради реконструкција на водоводна мрежа на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 74, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од тој булевар, Пожарната и дел од ул. „Њуделхиска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со активностите, информираат од „Водовод и канализација“

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај, Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во Општина Гази Баба.

Во периодот од 8:45 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, Општина Сарај.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Во периодот од 9:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, како и корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа, Општина Кисела Вода.

реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Македонија

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Read more

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитет

Read more

Платформата за родова еднаквост со остра реакција против предлог-измените на Законот за полиција

Read more

Сончево и малку посвежо време со температури до 35°C

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Русија и Украина со жестоки меѓусебни напади изминатата ноќ

Читај повеќе

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Читај повеќе

Полска ја криминализира пропагандата на комунистичката идеологија

Читај повеќе

Кремљ: Создадовме одреден имунитет кон западните санкции

Читај повеќе

БиХ останува без 100 милиони евра помош од ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

Се шири теорија на заговор дека обидот за атентат врз Трамп бил исцениран

Читај повеќе

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитет

Читај повеќе

Европа ќе има хиперсоничен вселенски авион до 2031 година

Читај повеќе

Русите напредуваат на три фронта, Украинците ги негираат загубите

Читај повеќе