1.МФЛ 2020/21

Утре продолжува 1.МФЛ, на мегдан Вардар и Пелистер

Филип Здравески
/ 20.02.2021 / 12:24

По еднонеделното одложување конечно утре ќе се комплетира првото пролетно коло во чии рамки ќе се игра и Дербито на Македонија.

Момент од постар натпревар на Пелистер и Вардар; Фото: MacedonianFootball.com

Минатата недела требаше да се одиграат шесте натпревари од 19. коло во Првата македонската фудбалска лига, но се одигра само саботниот натпревар помеѓу Академија Пандев и Работнички во кој гостите славеа 0:1 и тоа на снежни услови. Останатите пет натпревари кои беа закажани ден подоцна беа одложени откако снегот непрекинато паѓаше и се натрупа ширум републикава.

Натпреварот на колото е секако најголемото македонско дерби помеѓу вечните ривали, скопски Вардар и битолски Пелистер. Иако „Црвено-црните“ се наоѓаат во крајно лоша состојба со еден млад тим потпомогнат со неколкумина поискусни играчи, а згора на тоа пред само десетина дена ги почнаа зимските подготовки, додека „Зелено-белите“ располагаат со просечен тим кој е далеку од конкурентен, сепак ривалството си го прави своето па јавноста очекува добар фудбал и жестока пресметка. Директен пренос ќе има на МРТ1, а натпреварот ќе го суди познатиот интернационален судија Александар Ставрев.

Во другите натпревари, интересно се очекува да биде во Кратово каде незгодниот тим на Силекс ќе го пречека лидерот и најголем фаворит за титулата, тимот на тетовска Шкендија.

Шкупи важи за голем фаворит на гостувањето во Велес кај Борец, како што и од Ренова се очекува на домашен терен да се справи со последнопласираната Беласица, додека во Струга истоимениот домашен тим ги пречекува „Лавовите“ од Ѓорче Петров во натпревар на кој секој резултат е во игра.

Сите натпревари почнуваат во истиот термин од 14 часот.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Пелистер
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкендија
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Зоран паунов“ во Велес
Борец - Шкупи
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Македонија ЃП
Судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Беласица
Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Табела:

  1. Шкендија 39
  2. Шкупи 33
  3. Македонија ЃП 33
  4. Струга 28
  5. Работнички 27
  6. Вардар 25
  7. Борец 25
  8. Силекс 22
  9. Ренова 19
  10. Пелистер 18
  11. Академија Пандев 17
  12. Беласица 9
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе