Утринска навика која е опасна за сите жени

Иако за многумина раното будење и варењето кафе е дел од секојдневниот ритуал за старт на денот, сепак истражување покажа дека тоа влијае лошо на жените.

Студија објавена во дигиталното издание на библиотеката на Американскиот медицински национален институт покажа дека кафето на празен желудник, особено кај жените, влијае лошо на здравјето.

Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во телото е највисок наутро, кога се будиме и најнизок, кога си легнуваме.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во организмот и го нарушува ритамот на организмот. Кортизолот делува лошо на овулацијата, на хормоналниот баланс и на килограмите, објаснува нутриционистот Карлин Розненблум за Pure Wow.

Внесувањето кофеин кога нивото на кортизол е највисоко поттикнува засилено лачење на кортизол. Иако засега не е објаснето зошто се случува ова, се верува дека има врска со влијанието на кафето на одредени витамини и минерали во телото, смета нутриционистот.

„Кортизолот, како и сите останати хормони е нужен за организмот да функционира, но се случува проблем кога сме постојано под стрес и телото тогаш постојано го излачува. Тоа може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и до инсулинска резистенција.

Освен што дополнително ќе предизвика лачење на кортизол, кафето на празен желудник може да предизвика дигестивни проблеми и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Ако имате проблеми со желудникот добро е да знаете дека ладното кафе е за 70 проценти помалку кисело од топлото.

Кога да го испиете првото утринско кафе?

Ако се будите околу 7 часот наутро, најдобро е да го испиете првото кафе меѓу 9:30 и пладне, кога нивото на кортизол е природно ниско.

Пред тоа, важно е  да појадувате. Розенблум советува да појадувате намирници богати со калциум како бадеми, јогурт или чиа семе, за неутрализација на киселоста.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе