Вакцинацијата ќе почне во февруари со 200.000 кинески вакцини, епидемијата и натаму се смирува

Вакцинацијата во земјава ќе почне овој месец со 200.000 кинески вакцини, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека датумот на испорака ќе биде познат деновиве.

– Првата количина вакцини против COVID-19, кои ќе пристигнат во земјава во февруари, ќе бидат кинеските вакцини. Целокупниот процес на имунизација, согласно веќе подготвениот систем, ќе го почнеме со тие вакцини, истакна министерот, кој рече дека прво ќе се вакцинираат сите приоритетни групи.

Министерот за здравство посочи дека сите вакцини кои се на пазарот се безбедни, но оти преговорите кои Владата ги води со Pfizer, и тие кои сега завршуваат со кинеската компанија се тешки и бараат многу детали, заради тоа што и самите компании се под огромен притисок.

Додека се чекаат вакцините кај нас, македонските државјани се вакцинираат во соседна Србија. Досега 73 граѓани, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на Sinopharm на пунктот во Врање и Бујановац. Можност за вакцинирање имаат и оние кои немаат српско државјанство.

Порталот Е-управа овозможува апликација за вакцинација на странски државјани кои немаат регистриран престој во Србија. Доволно е да имаат српски мобилен број, што досега го искористија многу државјани на Северна Македонија, за да можат да добијат смс потврда за датумот и местото на вакцинација, кој е бесплатна.

– Кога „ќе добијат српски телефонски број“, тие се регистрираат на порталот за е-Управа, каде што е можно да се вакцинираат и странци кои не живеат во Србија. Сè што треба да направите е да го внесете бројот на македонскиот или кој било друг важечки пасош. Оние кои биле вакцинирани велат дека никој во здравствените центри во Србија не ги прашал ништо или не ги проверил, а постапката траела само неколку минути, наведува БИРН.

Во исчекување на вакцинацијата, состојбата со коронавирусот продолжува да се смирува. Тоа го покажуваат и вечерашните бројки. Вчера беа регистрирани 350 нови случаи од направени 2291 тестирања. Пријавени беа вкупно 20 починати лица од кои 14 од Клиниката „Жан Митрев“, кои починале во периодот од 4 до 30 јануари оваа година и шест пациенти починати во текот на завчерашниот ден. Најмладото починато лице е 35-годишен пациент од Кавадарци.

Во претходното деноноќие, беа регистрирани и 266 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831. Најмногу активни случаи има во Скопје – 3972. Во другите градови се под 400 активни.

Бројот на оние кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е речиси трипати помал во однос на декември 2020 година. Вкупно хоспитализирани се 568 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 328 пациенти, а во главниот град 240 лица позитивни и суспектни на коронавирусот

Во светот досега се заразиле над 104 милиони луѓе, починале околу  2,3 милиони и оздравеле над 76,4 милиони лица.

Од Женева вчера пристигна информацијата дека програмата КОВАКС ќе обезбеди 330 милиони дози вакцини за неразвиените и земјите во развој. Предвидено е вакцинте да бидат дистрибуирани до крајот на првата половина од годината.

Вакцините преку КОВАКС ќе бидат наменети за околу 3,3 отсто од населението во 145 земји кои се опфатени со Програмата.

Околу 240 милиони дози вакцини ќе бидат набавени од AstraZeneca, произведени од индиската компанија Серум Институт, 96 милиони дози ќе бидат произведени во погоните на AstraZeneca и 1,2 милиони дози од Pfizer.

Меѓу првите земји што ќе добијат вакцини преку програмата КОВАКС ќе бидат Јужна Африка, Зеленортските Острови и Руанда.

Угледно научно списание „Лансет“ завчера објави дека Sputnik V е безбедна и ефикасна вакцина што обезбедува целосна заштита од тешки случаи на COVID-19. По повеќемесечно истражување на руските имунолози, во кое учествувале 19.866 волонтери, третата фаза на клиничките испитувања е завршена со што се потврди ефикасноста на вакцината од 91,6 проценти.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера ја поздрави високата ефикасност на руската вакцина.

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе